Последна промена: 8 ноември 2026
„СтрумицаИнфо“ (strumicainfo.mk) не користи колачиња (cookies) — ни свои, ни од трети страни. Не користиме ни локално складирање во прелистувачот (localStorage, sessionStorage), рекламни мрежи или скрипти за следење; затоа на сајтот нема ни лента за колачиња.
Единствен исклучок е администрацијата на сајтот (адресите /admin): кога ќе се отвори, прелистувачот добива едно неопходно колаче за најавата на уредниците, „si_adm“ — само за адресите /admin, без следење; се брише кога ќе се затвори прелистувачот. Посетителите на именикот не го добиваат.
Контролор
Контролор: Роберт Ѓоргиев
Фирма: Радио СтрумицаНет ДООЕЛ, „Бел камен“ бр. 12, 2400 Струмица, Македонија
Телефон: 077/555-386
Контакт: формата за контакт
Што се колачиња
Колачињата се мали текстуални датотеки што сајтот ги зачувува во вашиот прелистувач — за да ве памети, да брои посети или да прикажува реклами. Сесиските се бришат кога ќе го затворите прелистувачот, а трајните остануваат одредено време. Слично работи и локалното складирање во прелистувачот.
Што користиме наместо колачиња
- Збирно броење на серверот, по ден: колку пати е отворена страница, пребарано нешто или кликнат телефон или банер — без IP-адреси и без профили на посетители.
- Против злоупотреба (премногу барања од иста адреса) — скратен отпечаток од адресата, само за тековниот ден.
- Формите („Додај фирма“, „Измени или отстрани“, нарачка на пакет, „Контакт“) ги праќаат само податоците што ќе ги внесете — без колачиња. Што правиме со нив: Политика на приватност.
Линкови кон други сајтови
Страниците на фирмите (нивните веб-страници, Viber, WhatsApp, мапата), вестите (сајтовите на медиумите) и банерот на нашиот партнер ArkaHost водат на други сајтови. Тие може да користат свои колачиња според нивните политики — ние немаме пристап до нив и не праќаме ништо за вас.
Видеата во вестите
Фотографиите од вестите ги чуваме кај нас, па прелистувачот не се поврзува со други сајтови. Видеото од YouTube или Vimeo се вчитува од нивниот сервер дури кога ќе кликнете „пушти“ — YouTube во режимот „без колачиња“ (youtube-nocookie.com), Vimeo со „не следи“ (dnt). Од тој момент важат нивните политики за приватност.
Ако нешто се смени
Ако некогаш воведеме колачиња што не се неопходни, прво ќе ве прашаме (лента за согласност) и ќе ја дополниме оваа страница со список и рок на секое колаче.
Колачиња во прелистувачот
Колачињата од сите сајтови можете да ги видите, избришете или блокирате во прелистувачот: Поставки → Приватност и безбедност → Колачиња (Chrome, Edge, Firefox) или Поставки → Приватност (Safari).
Правна основа
Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 42/2020). Имате право на пристап, исправка, бришење и приговор — пишете ни преку Контакт; приговор можете да поднесете и до Агенцијата за заштита на личните податоци.
