
СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица одбележа 80 години постоење: Осум децении знаење, труд и успеси
Со пригодна свеченост во училишниот двор, СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица денеска го одбележа својот патронен празник и големиот јубилеј – 80 години од основањето на училиштето. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, претставници на Одделението за образование при Општина Струмица, директори на основни и средни училишта, сегашни и поранешни професори, вработени, родители и ученици. Пред присутните се обрати директорката на училиштето, Билјана Бајрактарова, која истакна дека осумте децении постоење претставуваат сведоштво за историјата, посветеноста и успесите…
Радио СтрумицаНет






