Прескокни до содржината

Политика на приватност

Контролор на личните податоци

Контролор: Роберт Ѓоргиев
Фирма: Радио СтрумицаНет ДООЕЛ, „Бел камен“ бр. 12, 2400 Струмица, Македонија
Телефон: 077/555-386
Контакт: формата за контакт

Адресарот „СтрумицаИнфо“ (strumicainfo.mk) го води Радио СтрумицаНет ДООЕЛ. За сè што е поврзано со податоците опишани тука пишете ни преку Контакт.

Што објавуваме

За секоја фирма: име, дејност, место, адреса, телефони и веб-страница, а ако фирмата сама ги даде — опис, фотографии и видео. Е-поштата на фирмата не е напишана на страницата; посетител ја гледа дури кога ќе кликне „Прикажи е-пошта“, со дневно ограничување.

Од каде се податоците

Деловни контакт-податоци од јавно достапни извори (именици, веб-страници на фирмите) и податоци што фирмите сами ги внеле или поправиле. Фотографиите ги објавуваме само по барање на фирмата.

Измена и отстранување

Секоја фирма може да ги измени податоците или да се отстрани — преку „Измени или отстрани“ на нејзината страница (потврда на е-поштата на фирмата) или преку Контакт. Отстранетата фирма веднаш исчезнува од адресарот и не се враќа при следното ажурирање.

Нарачките на пакети и реклами

Кога нарачувате пакет или реклама (банер), ги чуваме податоците од нарачката (фирма, адреса, ЕДБ, лице за контакт, е-пошта, телефон) за профактурата, фактурата, вклучувањето на пакетот или објавата на рекламата и за потсетникот пред нејзиниот крај — колку што бара законот за сметководствените документи. Не ги користиме за реклами и не ги даваме на други. Плаќањето е по банка; податоци за картички не собираме.

Што не собираме

  • Нема колачиња, нема рекламни мрежи, нема надворешни скрипти за следење — види Политика за користење на колачиња.
  • Броиме само збирно, по ден: колку пати е отворена страница, пребарано нешто или кликнат телефон или банер — без IP-адреси и без профили на посетители.
  • Против злоупотреба (премногу барања од иста адреса) чуваме скратен отпечаток од адресата само за тековниот ден.

Формите

Кога праќате „Додај фирма“, „Измени или отстрани“, нарачка на пакет или порака преку „Контакт“, ги чуваме внесените податоци и вашата е-пошта за да го решиме барањето и да ви одговориме.

Вашите права

Имате право на пристап, исправка, бришење и приговор — пишете ни преку Контакт или по пошта: Радио СтрумицаНет ДООЕЛ, „Бел камен“ бр. 12, 2400 Струмица, Македонија. Приговор можете да поднесете и до Агенцијата за заштита на личните податоци.