Прескокни до содржината

Услови за користење

„СтрумицаИнфо“ (strumicainfo.mk) е сервис на Радио СтрумицаНет ДООЕЛ, „Бел камен“ бр. 12, 2400 Струмица, Македонија. Со користењето на сајтот се согласувате со овие услови.

Користење

Адресарот е бесплатен за пребарување. Податоците се за контакт со фирмите — не за масовни пораки, спам или препродавање. Автоматско преземање на адресарот (роботи, „scraping“) не е дозволено.

Точност

Се трудиме податоците да бидат точни и ажурни, но не можеме да гарантираме за секој број и адреса. Ако нешто не е точно, кликнете „Пријави грешка“ на страницата на фирмата.

Додавање и измени

Кога додавате или менувате фирма, потврдувате дека ја претставувате или имате дозвола. Може да одбиеме или скратиме внес што е навредлив, лажен или реклама наместо опис на фирмата.

Вести

Вестите се од локалните медиуми со кои соработуваме (преку нивниот RSS или API): објавуваме наслов, вовед, фотографиите и видеата од вестта и врска до целата вест на нивниот сајт. Вестите, фотографиите и видеата и правата врз нив се на нивните автори; за содржината одговара изворот. Ако сте медиум и сакате вашите вести да се (или да не се) тука — пишете ни.

Банери

Банерите со ознака „Реклама“ се платени реклами (види подолу); банерот „Партнер“ води кон нашиот партнер за хостинг ArkaHost. Клик на банер не значи дека фирмата од адресарот е поврзана со огласувачот.

Пакети за огласување

  • Нарачка и плаќање. Се нарачува на Пакети; добивате профактура и плаќате со уплата на сметката на Радио СтрумицаНет ДООЕЛ (300030000159066, Комерцијална Банка).
  • Вклучување и траење. Пакетот го вклучуваме по уплатата и трае 12 месеци од тој ден; обновата продолжува од крајот на претходниот период.
  • Содржина. За текстот, фотографиите и видеото одговара огласувачот и потврдува дека има право да ги објави. Не објавуваме содржина што е лажна, навредлива или незаконска.
  • Означување. Истакнатите фирми имаат ознака „Препорачано“.
  • Откажување. Пред вклучувањето нарачката може да се откаже и уплатата се враќа во целост. По вклучувањето пакетот трае до крајот на платениот период.

Реклами (банери)

  • Нарачка и плаќање. Се нарачува на Рекламирајте се; добивате профактура и плаќате со уплата на сметката на Радио СтрумицаНет ДООЕЛ.
  • Објава и траење. Рекламата ја објавуваме по уплатата и трае избраниот број месеци од тој ден; обновата продолжува од крајот на претходниот период, без прекин.
  • Ротација. На едно место се прикажуваат неколку огласувачи наизменично (бројот е во ценовникот); не ветуваме определен број прикажувања. Пред крајот добивате бројките — прикажувања и кликови.
  • Содржина. За текстот, сликата и страницата каде води банерот одговара огласувачот и потврдува дека има право да ги објави. Не објавуваме реклами што се лажни, навредливи, незаконски или за коцкање, оружје и слично; сликите ги зачувуваме одново (без скриени податоци во фајлот).
  • Означување. Секоја реклама има ознака „Реклама“, а врската е означена за пребарувачите како платена (sponsored).
  • Откажување. Пред објавата нарачката може да се откаже и уплатата се враќа во целост. По објавата рекламата трае до крајот на платениот период.