Прескокни до содржината

Вести — Радио СтрумицаНет

Од Струмица, регионот и Македонија — од 3 медиуми, на едно место.

Радио СтрумицаНет 15

Свет

Итната медицинска помош во Струмица доби ново амбулантно возило со современа медицинска опрема

Итната медицинска помош во Струмица од денеска располага со ново амбулантно возило, опремено со современа медицинска опрема, кое ќе придонесе за побрза, поквалитетна и поефикасна здравствена грижа за пациентите. Новото возило, заедно со два ЕКГ-апарати, два полуавтоматски и два автоматски дефибрилатори, е обезбедено преку проектот „Heart Safe CBA – Towards a Cross-Border Area Safe for the Heart“, кој се реализира во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција, со финансиска поддршка од Европската Унија и националните фондови. Денеска, во кругот на Итната…

Радио СтрумицаНет+1 извор

Економија

Гужви пред Алта банка во Струмица – граѓаните со часови чекаа за исплата на пензии, плати и социјална помош

Од денеска започна исплатата на готовина во износи до 20.000 денари на шалтерите на Алта банка во Струмица, но почетокот на исплатата беше проследен со големи гужви и долги чекања на граѓаните кои дојдоа да ги подигнат своите пензии, плати, социјална помош и надоместоци за туѓа нега. Пред експозитурата на банката во Струмица граѓаните започнале да се собираат уште од 7 часот наутро. Според нивните сведоштва, по повеќечасовното чекање биле информирани дека во експозитурата нема доволно готовина и дека се очекува пристигнување на парични средства од Скопје. „Се чекале пари да донесат од Скопје…

Радио СтрумицаНет

Струмица

Градежни активности на патот Муртино – Банско, апел до возачите да користат алтернативни правци

На патниот правец Муртино – Банско во тек се градежни активности што ги реализира Јавното претпријатие за државни патишта, информираат од Општина Струмица. Поради изведувањето на градежните работи, од Општината упатуваат апел до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да користат алтернативни патни правци и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација. Надлежните апелираат за разбирање, трпение и соработка од страна на граѓаните во периодот додека траат градежните активности на овој патен правец.

Радио СтрумицаНет

Македонија

СЕНЗАЦИОНАЛНО ОТКРИТИЕ: Струмички археолог Зоран Рујак пронајде меч стар 3500 години во Дојранското езеро

Значајно археолошко откритие во водите на Дојранското Езеро! Струмичкиот археолог Зоран Рујак од НУ Завод и музеј – Струмица, при истражувањата на праисториската наколна населба на локалитетот Мрдаја, пронашол бронзен меч од микенски тип, стар околу 3500 години, кој според досегашните сознанија се смета за најстариот досега откриен на територијата на Македонија. Покрај мечот, археолозите откриле и остатоци од куќа на металург, како и керамички садови украсени со спирални и геометриски мотиви. Новите наоди укажуваат дека праисториската населба на Мрдаја постоела многу порано отколку што досега…

Радио СтрумицаНет

Струмица

СОУУД „Димитар Влахов“ одбележа 80 години постоење: Градоначалникот упати честитки за големиот јубилеј

Градоначалникот на Општина Струмица денеска присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на СОУУД „Димитар Влахов“, кој годинава се одбележува во знакот на 80-годишниот јубилеј од постоењето на училиштето. По тој повод, градоначалникот упати честитки до учениците, наставниците и сите генерации кои низ годините биле дел од развојот и образовната приказна на училиштето. „Осум децении посветеност

Општина Струмица+1 извор

Спорт

Од натпреварувачка до членка на жирито: Струмичанката Тина Русева се враќа во „The Voice of Germany“

Струмичанката Тина Русева ќе биде дел од жирито во тимските дуели („Teamfights“) на „The Voice of Germany“. Тина на социјалните мрежи објави дека заедно со другите членови на жирито ќе одлучува кои натпреварувачи ќе се пласираат во полуфиналето на германското музичко шоу. Во оваа фаза гласаат поранешни учесници во натпреварот. „Драго ми е што можам баш јас да гласам затоа што точно знам што треба и како се осеќав кога бев на истата сцена“, напиша Тина. Таа се заблагодари за довербата да биде една од претставничките на генерацијата од 2025 година и порача дека со нетрпение очекува да ги слушне…

Радио СтрумицаНет

Спорт

Во Струмица ќе се одржи панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“

Во недела, 8 ноември, во 13:00 часот, во кафе-барот „Момент“ во Струмица ќе се одржи панел-дискусијата „Здрави животни навики – здрава иднина“, посветена на превенцијата и грижата за физичкото и менталното здравје. Настанот го организира Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ при ОК Струмица, во соработка со комисиите за спорт и за здравство и социјална политика при УМС. Гости на панелот ќе бидат д-р Петар Марков, специјалист по абдоминална хирургија и пратеник и Тоше Зафиров, македонски шампион во бодибилдинг.

Радио СтрумицаНет

Култура

СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица одбележа 80 години постоење: Осум децении знаење, труд и успеси

Со пригодна свеченост во училишниот двор, СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица денеска го одбележа својот патронен празник и големиот јубилеј – 80 години од основањето на училиштето. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Струмица, Петар Јанков, претставници на Одделението за образование при Општина Струмица, директори на основни и средни училишта, сегашни и поранешни професори, вработени, родители и ученици. Пред присутните се обрати директорката на училиштето, Билјана Бајрактарова, која истакна дека осумте децении постоење претставуваат сведоштво за историјата, посветеноста и успесите…

Радио СтрумицаНет

Економија

Во BENZOIL – Попуст од 3 денари за секој литар гориво за корисниците на Loyalty картичките

Повторно сите корисници на Loyalty картичките на бензинските станици БЕНЗОИЛ ќе можат да точат гориво со попуст од 3 денари за секој литар наточено гориво. Со оваа поволност, БЕНЗОИЛ продолжува да ја наградува довербата на своите потрошувачи, овозможувајќи им поквалитетна услуга, сигурност и дополнителна заштеда при секое точење гориво. Лојалните корисници преку Loyalty card програмата добиваат директен попуст веднаш на каса, а компанијата и понатаму останува посветена на обезбедување современа услуга, квалитетни горива и поволности за своите клиенти. Од БЕНЗОИЛ информираат дека сите…

Радио СтрумицаНет

Македонија

ОО СДСМ Струмица одржа Изборна конференција – потврден мандатот на Лазо Манев и избрани новите раководни органи

Општинската организација на СДСМ Струмица вчера ја одржа својата Изборна конференција, на која беше потврден новиот мандат на досегашниот претседател, д-р Лазо Манев, а беа избрани и новите состави на Извршниот и Надзорниот одбор на партиската организација. На конференцијата присуствуваше и претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, кој пред делегатите и членовите ги претстави клучните насоки за понатамошното делување на партијата, со акцент на реорганизацијата на терен, подобрувањето на условите за живот и зголемувањето на животниот стандард на граѓаните. Во своето обраќање, Манев се…

Радио СтрумицаНет

Култура

Иван Кукиќ ја крена на нозе белградската публика – Дадо Топиќ: „Иван е најдобриот музичар со кој некогаш сум свирел!“

Струмичанецот Иван Кукиќ со својот бенд „Sound Therapy“ приреди вистински музички спектакл во преполната со емоции „МТС дворана“ во Белград, каде што синоќа, го одржа двочасовниот концерт „Зачарани круг“. Моќен рок-звук, авторска музика, македонска традиција, врвни музички изведби и овации од публиката ја одбележаа вечерта за која српскиот музички портал „Music Pocket Magazin“ пишува со големо воодушевување. Според пишувањето на српскиот портал, концертот бил вистинско музичко патување низ различни жанрови и генерации, во кое младиот струмички музичар уште еднаш го потврдил својот…

Радио СтрумицаНет

Струмица

Поради дефект прекинато водоснабдувањето на две улици во градот Струмица

Поради дефект на водоводна цевка, денеска е прекинато водоснабдувањето на дел од улиците „Крушевска Република“ и „Браќа Минкови“ во Струмица, информираат од ЈПКД „Комуналец“. Без вода се корисниците на улицата „Крушевска Република“, на потегот од улицата „Младинска“ до улицата „Киро Абрашев“, како и на улицата „Браќа Минкови“, од улицата „Киро Абрашев“ до улицата „Младинска“. Екипите на ЈПКД „Комуналец“ работат на отстранување на дефектот, а нормализирање на водоснабдувањето се очекува до 13:00 часот. За дополнителни информации граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број 13-110.

Радио СтрумицаНет

Македонија

ЈАВЕН ПОВИК за добивање на финансиска поддршка во една наставна година за редовните ученици со попреченост, со наод и мислење, во училиштата во Општина Струмица во наставната 2026/2027 година

Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/2002) и член 39 од Статутот на општина Струмица („Службен гласник на Општина Струмица“ бр. 4/03, 2/06, 15/07, 2/10, 21/10, 1/15, 8/18, 16/19 и 29/19), а во врска со одредбите од Правилникот за начинот, условите и постапката за добивање

Општина Струмица+1 извор

Економија

И во Струмица ќе се отвори шалтер на Алта банка – корисниците на социјална помош ќе можат да ги подигнат сите пари

Министерот за социјална политика, Ѓоко Велковски, најави отворање дополнителни шалтери во Битола, Скопје и Струмица, со цел да се овозможи исплата на паричните средства на корисниците на социјална помош и други права од социјална заштита кои имаат сметки во Алта банка. Според најавите, се прават напори веќе од утре да започне исплатата на целокупните износи на паричната помош директно на шалтерите, без ограничувања при подигнувањето на средствата. Планот предвидува најпрво да се отвори шалтер во Битола, а потоа и во Скопје и Струмица, со што ќе се олесни пристапот до средствата и за…

Радио СтрумицаНет

Култура

Библиотеките од Струмица и Охрид потпишаа меморандум за соработка

Градската библиотека „Благој Јанков Мучето“ од Струмица и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја официјализираа својата соработка со потпишување меморандум, чија цел е унапредување на културните активности, размена на искуства и реализација на заеднички проекти. Меморандумот денеска во Охрид го потпишаа директорките на двете институции, Васка Кирова и Христина Трпеска. Со документот се предвидува соработка во повеќе области, меѓу кои промоција на културата и уметноста, развој на младинските активности, издаваштвото, поттикнување на читањето и креативното пишување, како и поддршка на нови…

Радио СтрумицаНет